Вицепремиерот Артан Груби утрово кажа дека кон крајот на јули треба да почне постапката за менување на Уставот во Собранието.
-Доколку вистински се претстави оваа техничка измена, ќе ја прифатат и граѓаните. Со промената на ставот, Мицкоски покажа дека ВМРО-ДПМНЕ е европски ориентирана партија. Не знам која е причината за таа одлука. Ние ветивме европска интеграција. Сè би жртвувале само Северна Македонија да влезе во Европската унија, кажа Груби.
Груби додаде дека може да се организираат избори и веднаш по гласањето за отворање на Уставот.