Се уште се чекаат наодите од обдукцијата на жирафата Каспер, која угина во скопскатѕа Зоочошка градина. „Макфакс“ дознава дека постојат сомневања дека причината е храната, поради што, земени се и примероци од истата, за да се добијат точните податоци дали Каспер е правилно хранет согласно протоколите.
Николче Бабовски, директор на Агенција за храна и ветеринарство, за „Макфакс“ вели дека по извештајот ќе одлучат како ќе постапуваат понатаму.
„Наш инспектор беше таму. Но наодите од обдукцијата, како и за храната, чекаме известување од Факултетот за ветеринарна медицина. Ние чекаме како и од нив. Земени се примероци од храна и самиот обдукционен протокол за кој примероци имаат земено од нивниот тим – тоа го работат тие. Потоа ние добиваме извештај по кој постапуваме понатаму, ако има потреба“, вели Бабовски.
Жирафата Каспер пцовиса пред три дена. Тој имаше 12 години, а во Скопје ЗОО беше жител од 2012 година. Ова е втора жирафа која пцовисува, откако претходната почина во 2014 година на три и пол години. Животниот век им изнесува 25 години.
Зоолошката сега останува со една жирафа.