ФОТО: Wikimedia commons

Секој ден има сѐ повеќе деца со виртуелен аутизам, што предизвикува прекумерната употреба на смартфонови

Промените и општествените случувања што се имаат случено направија науката, технологијата и информатиката да стигнат до можеби највисоките пиедестали на општеството.

Во денешно време е невозможно да се видат општестви и култури без најновите технологии.

Дополнително, значително е зголемена и употребата на новите информатички технологии од страна на младите, поточно од децата.

Престојот со часови пред екраните и другите форми на технологија има многу лошо влијание врз менталното здравје на децата, што ги прави пасивни и предизвикува доста нарушувања и во други области.

Мобилните телефони се технологија која веќе е дел од нашето секојдневие, дури и на голем дел од децата. Влијанието може да биде добро во многу аспекти, но има и други негативни страни.

Секој ден доаѓаат се повеќе деца со виртуелен аутизам

За децата правилно да се развијат треба повеќе време надвор во природа да играат разни забавни игри“, вели за Градска.мк психологот Едина Мици Адеми.

Според неа, родителите се вистинските поттикнувачи на оваа состојба уште кога децата имаат неколку месеци.

„Секој ден доаѓаат се повеќе деца со виртуелен аутизам, но и деца кои имаат други последици во своето однесување и многу е алармантно што освен ние како професионалци, но и родителите мора да се разбудат и да реагираат за преземање мерки. Не е привилегија само да имаш деца, туку е голема одговорност. Треба да ја жртвуваме нашата удобност да седиме половина час или час повеќе со нашето дете затоа што детето што користи телефонот е дете кое нема активност, нема посветеност“.

Децата кои имаат виртуелен аутизам, како што објаснува психолот Адеми, немаат контакт со очите, не одговараат на повикот по име и немаат социјализација. Таа вели дека оваа појава е вознемирувачка и доаѓа како резултат на небрежност на родителите без размислување за последиците, овозможувајќи им на децата да ја користат технологијата уште од мали нозе.

„Со навременото и упорно третирање и од родителите и од терапевтите се гледа колку тоа дете има успеси, ако е виртуелен аутизам, децата постигнале видлив успех, почнуваат да се дружат, почнуваат да функционираат нормално„ вели Адеми.

Таа појаснува дека мозокот кој постојано го користи телефонот, мозочните клетки почнуваат да се уништуваат, а тие се единствените клетки кои не се обновуваат, затоа детето почнува да губи концентрација, станува поагресивно.

Се препорачува децата во првите две години од животот да шетаат подолго, да бидат надвор во природа и што е можно повеќе да комуницираат со возрасните или постарите деца кои разговараат и си играат со нив.

ФОТО: Сллаве Младеновски од ФБ профил

Позитивните и негативните страни на новата технологија

Секое научно откритие и техничко помагало има за цел да ја олесни вршењето на одредена работа на човекот. Намерата е да ја направи работата поквалитетна за пократко време, да биде поефикасен и поефективен и рационално да ги користи ресурсите. Тоа подразбира време, енергија, пари и кадри. Машината, апаратот или орудието ја олеснува комуникацијата меѓу луѓето, прави нивните односи да бидат похумани и да негуваат вредности што се позитивни, вели социологот м-р Славе Младеновски.

Тој во изјава за Градска.мк истакна дека за ова да функционира како што е замислено е потребна едукација и стекнување вештини со укажување на слабите страни и ризикот од употребата.

„Кога станува збор за користењето на паметните мобилни телефони од деца на возраст до 15 години е потребно максимална претпазливост при начинот на употребата на апаратот. Имено, детето треба да стекне знаење и вештина за да може, кога ќе биде полнолетно да ја знае неговата употреба и да не се добие преку образованието и воспитувањето одбивност од користењето на апаратот, зашто на таков начин му се намалуваат шансите да работи успешно и да комуницира“.

Заканата и опасноста за децата на возраст под 15 години при употреба на ваков апарат со многу време, без селекција на содржините и со издвојување од средината без заедничко дружење, вели Младеновски, има претпоставки за создавање сериозна ситуација за асоцијално однесување.

 Што треба да се превземе?

Според Младеновски забраната за користење нема да ги даде очекуваните резултати и во основа не е добра постапка.

„Општеството во целина, а тоа значи родители, наставници, тренери, новинари и сите што креираат одредено мислење се должни да воспитуваат и да едуцираат помлади припадници. Тоа подразбира максимално критички став спрема одредена појава со уважување на корисноста за која е направен апаратот“.

Родителското игнорирање ја забрзува депресијата во доцното детство и адолесценцијата

Родителите кои ги игнорираат своите деца и користат телефони наместо да им обрнат внимание, можеби ги изложуваат своите деца во ризик од депресија, пишува деца.мк

Кинески научници, според студија објавено на Јоурнал,  проучувале 530 ученици на возраст од 10 до 18 години за да видат дали биле жртви на родителско запоставување поради употреба на телефонот.

Децата што имале родители кои биле опседнати со телефонот покажале повеќе симптоми на депресија при пополнување на прашалникот отколку оние што добивале внимание.

– Родителското игнорирање е феномен при кој родителите ги користат своите мобилни телефони во интеракциите родител-дете, а детето се чувствува исклучено – објаснуваат тие.

Н. А. 

 

АКТУЕЛНО