Search
Search
ФОТО: Телеграф

Селаните шокирани од масакрот во Србија: Бил културен, од почитувани родители

Жителите на селото каде што е соопштено дека млад човек уби осум лица и повреди 13 други се чувствуваат преплашени. Тие рекоа дека не очекувале такво нешто од млад човек кој потекнува од угледно семејство.

Жителите без да сакаат да излезат пред камера изјавија: „Тој беше дете на почитувани родители. Со добрина. Сè уште размислуваме за тоа што би можело да го натера да оди и да напаѓа луѓе во низа“.

Жителите се уште се исплашени и цела ноќ биле загрижени поради страшниот случај, јавува српскиот „Телеграф“.

„Најтрагично ми е што уби деца. Не го познавав. Знам дека татко му е војник, тие се од соседното село“ – вели Нада Глишиќ, локален жител.

Инаку, осомничениот не бил осуден, но, како што се дознава, бил пријавен за насилство и се сметал за проблематичен човек. Наводно, напаѓачот е син на воено лице.

Н. А.

АКТУЕЛНО