Во стара куќа, со две соби и купатило кои се во лоша состојба, со парализиран сопруг, тетка Валентина има потреба од помош за да живеат во понормални услови. Иако со резерва да се до искаже госпоѓа Валентина се јави во нашата редакција и побара да им се помогне да се легализира куќата. Таа вели дека кога била акцијата за легализација по едно евро од метар квадратен, биле во тотална неможност, првично поради болниот сопруг кој беше целосно парализиран и неподвижен, но и поради финансиската состојба.
Таа вели дека не и е проблем да обезбеди храна за себеси и сопругот бидејќи таа е вработена како хигиеничарка, но со таа плата не може да си ја реновира куќата која навистина е во лоша состојба.
Градска редакција пред неколку месеци направи сторија за ова семејство која живее во улица Дижонска во општина Чаир. Таа со гордост раскажуваше за животот која со својот сопруг е нејзините деца го помина во овој крај на Скопје.
Кој сака да помогне на ова семејство може да се јави на нивниот мобилен телефон 075323637
Н.Ш