Search
Search
Фото/Градска редакција

Сеуште се трага по тројца косовски граѓани кои со своја кола паднале во реката „Лепенец„

Полицијата но и граѓани со дронови и во терен  се ангажирани за да ја најдат колата со тројца патници, државјани на Косово кои  паднале во реката „Лепенец„ во патниот правец Скопје- Граничен премин „Блаце„.

Тие со возило БМВ првично се судрија со кола марка Тауран со скопски регистарски таблички  по што изгубиле контрола и паднале во реката.

Од полицијата излегле со соопштение на која се вели: „Денеска (17.06.2023) околу 15 часот е пријавено дека на патот Скопје-ГП Блаце се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски таблички, управувано од Б.Б. од Скопје и патничко возило „бмв“ со косовски регистерски таблички, управувано од Н.П. од Косово, кое по несреќата паднало во реката Лепенец. Во возилото „бмв“ покрај возачот имало и тројца сопатници. Едно лице е извадено од реката и пренесено во ГОБ „8 Септември“, а по останатите три лица се трага.“, стои во соопштението на МВР.

И јавен обвинител е на терен и се прават првичните проценки за несреќата.

Градска редакција беше на терен, трагањето по тројцата косовски граѓани во реката е отежнато бидејќи нивото на водата е зголемена.

Според првичните информации се работи за четиричлено семејство, родители со два сина. Едниот син 20 години успеал да излезе од колата додека 14 годишниот син и родителите не успевале. Потрагата по нив сеуште трае.

Н.Ш

АКТУЕЛНО