Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од денеска може да составува влада, откако го доби мандатот од претседателката Гордана Силјановска Давкова.
Претседателката рече дека е убедена во можноста Мицксоки да состави влада, затоа што новиот претседател на Собранието, Африм Гаши, бил изгласан со 76 пратенички гласа.
Мицкоски веќе рече дека ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ веќе начелно ја договориле распределбата на ешалоните.
Тој вчера ги поднесе и законските измени кои треба да се донесета по брза постапка и да се реформира владината опрганизација со нови министерства.
Мицкоски кажа дека како иден премиер најголем предизвик ќе бидат „здравство во кое нема да се умира во чекалници, испечатени учебници, дипломатија со интегриртет и сузбивање на корупцијата и уличниот криминал“.