Search
Search

Скандалозно Видео: Далај Лама се извини што бакна момче во уста

Далај Лама, будистичкиот духовен водач, се извини откако се појавија снимки на кои се гледа како духовниот водач бакнува дете во усните, а потоа бара од него „да му го цица јазикот“ на настан во северна Индија.

Во соопштението во понеделникот, канцеларијата на Далај Лама соопшти дека „сака да им се извини на момчето и неговото семејство, како и на неговите многубројни пријатели ширум светот, за повредата која би можеле да ја предизвикаат неговите зборови“, додавајќи дека „жали“ за инцидентот.

„Неговата Светост често ги задева луѓето со кои се среќава на невин и разигран начин, дури и јавно и пред камерите“, се вели во соопштението.

Неговото извинување доаѓа откако снимката од бакнежот, кој се случил за време на настан во ридскиот град Дарамшала во февруари, стана вирална на социјалните мрежи, а многу корисници кои ги критикуваа постапките на Далај Лама, јавува Си-Ен-Ен.

На видеото се гледа како момчето му приоѓа на нобеловецот за мир пред да го праша: „Може ли да те гушнам?“.

87-годишниот духовен водач потоа го повикува момчето на сцената и му покажува на образот и вели „прво овде“, поттикнувајќи го момчето да го прегрне и бакне.

Далај Лама потоа покажува на усните и вели: Тогаш мислам конечно и овде.

Потоа го повлече момчето за брадата и го бакна во уста.

„И цицај ми го јазикот“, вели по неколку секунди, вадејќи го јазикот.

АКТУЕЛНО