Search
Search

Скопската ЗОО за прв пат доби шест пара близначиња лемури

Во Скопската зоолошка градина годинава имаат најмногу подмладоци од лемурите од Мадагаскар. Оттаму потенцираат дека за првпат добиле шест пара близначиња, што е светски феномен.

-Лемурите се еден од најзагрозените видови на светот, а Скопје ЗОО придонесува за зголемување на бројот на овие единки чии природни живеалишта се повеќе се намалуваат – велат од установата.

При тоа додаваат дека овие прекрасни животни од Мадагаскар, секое утро, во јога поза седат свртени кон сонцето.

За потсетување, пред околу две недели Скопската зоолошка го изгуби кандидатскиот статус за членка на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА) поради неисполнување на обврските зададени од ЕАЗА изминативе две години.

АКТУЕЛНО