Зоолошката градина во Скопје денеска го прослави Светскиот ден на морските лавови, информираат на нивната страница на „Фејсбук“.
– Денеска го прославуваме Светскиот ден на морските лавови заедно со нашите омилени Кан и Гете. Нивните медицински тренинг и хранење може да се погледнат секој ден од 11 и 14 часот, освен во петок кога се празни и чисти базенот, а тие уживаат во третман со солена вода во малите базени, појаснуваат од Скопската зоолошка.
Оттаму апелираат граѓаните да бидат добри посетители и да не фрлаат ништо во живеалиштето на морските лавови.
Погледнете го видеото тука.