Search
Search

Скопско лето 2024 почнува на 21 јуни со концерт на Звјездан Ружиќ во Куршумли Ан

Со концерт на хрватскиот уметник, пијанист и композитор Звјездан Ружиќ во Куршумли Ан, на 21 јуни ќе биде отворено 45 издание на фестивалот Скопско лето.

Звјездан Ружиќ доаѓа во Скопје со својот уникатен проект „Пијанотрон“.

-„Пијанотрон“ е комбинација од пијано, мелотрон и педали на кои Звјездан свири со нозете. Накратко – Звјездан е човек – оркестар! Иако Звјездан е академски џез пијанист, тој го опишува Пианотрон како филмска музика, украсена со влијанија од џезот, класичната, поп, рок и етно музиката. Звјездан има соработувано со многу големи уметници, како што се: „2Cellos“, „Harlem Gospel Choir“, Јосипа Лисац, Масимо Савиќ, Нели Андреева, Лука Паљетка и многу други. Со неговата музика има настапувано низ целиот свет: од Америка, низ Европа, одржа две големи турнеи во Кина, а со „2Cellos“ одржа голема турнеја во Јапонија, Австралија и Нов Зеланд, се наведува во соопштението од организаторите на Скопско лето.

Неговите авторски албуми се наградени со прт награди за дискографија „Порин“ (познато како хрватско Греми), а Хрватскиот музички сојуз шест пати му ја додели наградата „Статус“ за најдобар џез пијанист во Хрватска.

Звјездан е официјален уметник за „Yamaha Pianos“ за целиот свет, а во Скопје пристигнува директно од Лондон, каде што моментално живее и ја гради својата меѓународна кариера. На неговиот роденден, на Светскиот ден на музиката, Звјездан Ружиќ и неговиот пијанотрон ќе ја почестат публиката во Скопје со вечер за паметење!, посочуваат организаторите на Скопско лето.

АКТУЕЛНО