Search
Search

Сместувањето во Грција поскапено за 20 отсто, а колку ќе чини гирото?

Во Грција, која сè уште важи за омилена летна туристичка дестинација на македонските граѓани, покрај сместувањето, кое е покачено за 20 до 30 отсто, зголемени се и цените на храната.

Така, гирото, кое е омилено јадење на македонските туристи, оваа година не може да се најде под 4 евра, односно цената сега, надвор од сезона, се движи од 3,5 до 5 евра. Литар свежо млеко е 1,12 евра, а цената на свежиот леб се движи од 1 евро, па нагоре. Во зависност од видот, свежата риба е од 6 до 20 евра за килограм, а цената на топка сладолед се движи од 1,5 центи до 2,5 евра.

Македонските граѓани полека почнуваат да ги планираат летните одмори, а покрај трошокот за патување, сместување, сè поважна ставка во буџетот за одмор е и храната. Во Грција, која сè уште важи за омилена летна туристичка дестинација на македонските граѓани, покрај сместувањето, кое е поскапено за 20 до 30 отсто, зголемени се и цените на храната.

Така, гирото, кое е омилено јадење на македонските туристи, оваа година не може да се најде под 4 евра, односно цената сега, надвор од сезона, се движи од 3,5 до 5 евра, а растуреното гиро веќе стигна до 10 евра. Освен гирото , зголемени се и цените на храната во маркетите, но приближно на исто ниво како и во другите земји.

Од туристичките агенции велат дека и оваа година најголем интерес за летување има за Грција, а поради инфлацијата, аранжманите за ова лето се поскапени за 20 отсто. Аранжманите за претсезона веќе се распродадени. Најголем интерес и годинава има за Грција, но, исто така, многу барани се и Албанија, Црна Гора и Турција. Поради инфлацијата, цените за сместување во Грција годинава се зголемени од 20 до 30 отсто. Голем дел од граѓаните ги искористија големите попусти за ран букинг и си резервираа одмор по стара цена.

– За претсезона, попустите изнесуваа околу 50 отсто, а приватните апартмани се веќе распродадени. Така, на пример, за Евија, каде што цените се движат од 60 до 70 евра за човек со превоз и сместување во јуни и во септември, нема веќе слободно место во приватните апартмани. И покрај тоа што аранжманите за летување годинава се поскапени за над 20 отсто во однос на лани, има голем интерес за апартманско сместување во Грција за јули и за август – велат од туристичките агенции.

Цените за приватно сместување во Грција се движат од 300 евра, па нагоре. Во хотелите, во претсезона, цените за ноќевање со појадок се движат од 130 до 150 евра за лице. Голем дел од граѓаните ги искористија попустите за ран букинг од 50 отсто, кои почнуваат уште во ноември. Како што се доближува сезоната така се намалуваат и попустите. Најголемите попусти се до крајот на февруари.

Што се однесува до цените на храната во Грција, тие се зголемуваат од година на година, но приближно со исто темпо како секаде. Имено, кога се моменталните цени на основните намирници во Грција во прашање, тие се речиси идентични со оние во нашите маркети, а можно е да наидете на некои кои се уште попристапни.

Оваа година, грчката Влада побара од големите синџири на супермаркети да ги намалат или да не ги зголемуваат цените на основната храна. Ова барање беше прифатено од повеќето супермаркети, кои направија листа на производи со ниски цени. Така, моменталната цена на обичниот леб со сусам изнесува 0,64 евра, на багетот 1,19 евра, на грчката пита 0,99 евра, килограм домати чини 1,79 евра, парче краставица 0,9 евра, килограм пилешко 2,69 евра, килограм мелено месо 8,78, пакување од 650 грама 4,39 евра, маслиново масло 5 литри – 29,35 евра, килограм јаболка 1,69 евра…

Кога станува збор за гирото, неговата цена во Грција се движи помеѓу 3,5 и 4,2 евра, литар свежо млеко е 1,12 евра, а цената на свежиот леб се движи од 1 евро, па нагоре. Во зависност од видот, свежата риба е од 6 до 20 евра за килограм. Цената на топка сладолед се движи од 1,5 центи до 2,5 евра, во зависност од слаткарницата.

– Минатата година, околу половина милион македонски граѓани ја посетиле Грција, со што земјава е на 11. место меѓу топ-15 земји со најголем број посетители во Грција за 2021 година – покажуваат податоците на Здружението на грчки туристички бизниси.

Извор МИА

АКТУЕЛНО