Жителка на Скопје, во близина на маркетот Веро-Тафталиџе, шетајќи низ паркот во близина забележала змија од отприлика метар и пол.
Таа вчера се јавила во ЦУК, но ѝ кажале дека не се надлежни за тоа и ѝ дале број од лиценцирана фирма од Куманово која пак, за оваа интервенција им побарала да платат.
Змијата на снимката се наоѓа во непосредна близина на пешачка патека која е многу посетувана од родители и мали деца.
Извор: Слободен печат