Search
Search

Сончево со мала облачност, претпладне со услови за повремен локален дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне со услови за повремен локален дожд и грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. UV=7

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Од УХМР соопштија дека во наредните денови следува период на стабилно време.

Во петок ќе дува засилен северен ветер (над 60 km/h) кој ќе услови пониска дневна температура, а во деновите потоа температурата ќе биде во постепен пораст.

АКТУЕЛНО