Search
Search

Спасено кутре кое паднало во јама, ќе се вика Ина

 

По пријава на загрижени граѓани, тимот на ЈП „Лајка“ беше да спаси куче кое паднало во јама.

-Не знаеме колку долго била во јамата, но веднаш по пријавата тимот отиде на терен, нејзината здравствена состојба е добра и ќе одмори малку пред да го помине хуманиот третман во нашето прифатилиште. Ѝ дадовме име Ина мала убава, борбена со голема желба за живот и покрај целиот стрес кој го преживеа таа сепак се радуваше на нашиот тим, соопштија од „Лајка“.

 

Од „Лајка“ информираат дека ќе биде објавена за вдомување и се надеваат дека брзо ќе го најде својот дом.
 

 

 
 

 

АКТУЕЛНО