Извештаите кога ќе бидат готови ќе бидат доставени до надлежните институции, тоа што е работа на МВР. Инаку, испитувањата што треба да бидат направени дали пожарот придонел за намалување на статиката на мостот не е обврска на МВР. Вака денеска одговори министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на новинарско прашање околу тоа кога ќе се испратат извештаите за опожарениот мост „Беласица“ на Вардар во Скопје, кај трговскиот центар „Ист гејт“.
Пожарот бил пријавен на полноќ меѓу 11 и 12 мај, а изгасен бил во четири часот наутро. Оттогаш, мостот е затворен за сообраќај.
-Имаме несовесни граѓани кои за жал, не размислуваат каква штета можат да преизвикаат и не размислуваат дека можат и луѓе да загинат. Пред да бидеме сигурни дали е или не е нарушена статиката, да се испита дали е безбедно за премин не можеме да дадеме поконкретни информации, рече градоначалничката Данела Арсовска во гостувањето на тв21.
Што се однесува до она кое Градот може да го направи, таа додаде дека најпрвин треба да ги почекаат анализите кои ќе произлезат, да ги видат извештаите кои ЦУК и МВР ќе ги достават до градот и да почннат со постапување.
„Не зависи од Град Скопје колку ќе биде затворен мостот ,,Беласица” – А од кого зависи?