Search
Search

Според Мерко ако се колат јагниња, зошто да не смее да се колат и кучиња, Анима Мунди му порача дека не сме во племенски сојуз

Ако може да се колат јагниња и овци, зошто тогаш не може кучиња. Ваква скандалозна изјава даде струшкиот градоначалник Мерко, на седница вчера на Југозападниот плански регион, во присуство на градоначалници од другите општини и претставници на општинските администрации, пренесе АлсатМпренесе АлсатМ.

Да колeш јагне добро е, да колиш јаре добро е, а не смеело куче да колeш. Да тепаме диви животни, да ловиме риба, да уништуваме билна маса. Сѐ правиме нешто што ни е потребно за наш живот, единствено ќе ги чувамe кучињата. Да, да ги чуваме, но тие кои ќе ги чуваат како домашни животни, сѐ друго не може да се чува. Едно време сите ги тепавме. И со закон бевме поддржани. Тендер правевме со ловното друштво, излегуваа ноќе. Секое куче кое е надвор од контрола на сопственикот треба да се отстрани. По селата ги ништат. Еве јас отворено кажувам, не се плашам ни од закон ни од ништо, ми рече еден во Мислешево, јас наполнав цел трактор“, рече Мерко.

Неодамна општината се пофали дека започнала процес на заловување на и третман на кучињата скитници. Но Мерко вели дека тоа го направиле за да ја замајат јавноста.

Јас отворено велам за да им замаглиме очи и на медиуми и на државата, одвоивме 600.000 денари, направивме тендер, едно прифатилиште од Куманово се јави, некои 70 кучиња ги прифаќа, ќе има кастрирање, стерилизирање. Но, не е тоа тоа. Гледаме пак нови кучиња“, вели Мерко.

Од здружението за заштита на животни Анима Мунди, ваквите изјави на Марко ја оквалификуваат како охрабрување за убивањето кучиња.

И тоа не е изјави на некој обичен граѓанин туку на првиот човек на Струга, кој очигледно залутал во дејност чија одговорност не ја разбира. Рамиз Мерко, ова не е племенски сојуз, туку држава. Законите, стратегиите постојат за да се унапредуваат, а со идеите за тендери со ловни друштва и убивање на секое куче од улица, закана сте по се што е цивилизациска придобивка, претставувате опасност и ја срамите Струга. Ова е говор на омраза кој промовира и поттикнува насилство за што треба итно да се биде казнет. Со вакви сфаќања, повици и изјави човек не смее да биде политичар, ни малку градоначалник“, наведуваат од Анима Мунди.

Тие бараат Обвинтелството веднаш да постапи по случајот во Мислешево,а Мерко да биде повикан на распит. Пред два месеци во Струга се случи масовно убиство на кучиња, кога среде бел ден беа убиени неколку кучиња, а 62 годишен маж беше осомничен дека е сторител.

 

АКТУЕЛНО