Сегашниот Закон за употребата на македонскиот јазик многу повеќе ќе го штити македонскиот јазик, но клучната работа е дали ќе се спроведе на терен, порача во интервју за „Слободен печат“, новинарот и публицист Свето Стаменов.
„Во куќата каде што работам порано имаше седум до осум лектори, сега имаме двајца. Да, сите ние го знаеме македонскиот јазик, го говориме македонскиот јазик, но раритет е вистинскиот македонски јазик, и сметам дека ако овој закон се спроведе во пракса, многу работи ќе се решат. Ќе се реши статусот на нашите лекторати во странство, затоа што на времето имавме 20 лекторати, сега имаме пет-шест лекторати“ рече тој.
Стаменов посочи дека правилниот македонски јазик многу малку се користи а доказ за тоа се објавите од граѓаните на социјалните мрежи.
„Со законот ќе се реши дека секој јавен збор ќе биде пишан правилно македонски, што сега не е случај. Отворете на социјалните мрежи и ќе видите колку ние сме неписмени а никој не е свесен дека секој јавен збор останува и е огледало на човекот кој го пишува“ посочи Стаменов.
Целиот разговор со Стаменов можете да го погледнете на седниот линк: