Search
Search
ФОТО: Wikimedia commons

Стојановска-Иванова за Градска: Здрава младина предуслов за здравo и развиено општество

Додека употребата на информатичките технологии од страна на младите е значително зголемена, загриженоста на родителите и социјалните професионалци за последиците од таквите технологии, особено зависноста, исто така е зголемена.

Дигиталната технологија несомнено има и позитивни и негативни аспекти. Некои од позитивните аспекти се развивањето на животни вештини, учењето странски јазици.

Меѓутоа, во негативен аспект, ваквите технологии можат да влијаат на зголемување на агресивноста кај децата, асоцијални однесувања, намалување на перформансите во учењето, зголемување на дебелината, предолго престојување со такви технологии, проблеми со миопија (проблеми со очите) итн.

Децата како да заборавија да играат…

Социологот Татјана Стојановска Иванова за Градска.мк изјави дека новите форми на комуникација, особено помеѓу младите, влијае во целокупното однесување на младиот човек, во тоа како тој се социјализира, начинот на кој го формира неговиот карактер.

„Децата како да заборавија да си играат, заборавија на оние активности који што се многу значајни за социализација, кои што одразуваат карактерни особини, созреваат како личности, учаат да бидат другарчиња. Сега сето тоа на некој начин како да се подзаборави, кои што се значајни во контекст на тој вредностен систем кој што е клучен, што е основа за моралниот кодекс што ке биде водилка во понатамошниот тек на животот на еден млад човек. Негативните влијаниа се првенствено во контекст на вредностите, се јајвуват поголем процент на индивидуализам, на егоизам, егоцентризам, за разлика од козмополитизмот, алтруизмот, што значи пријателство, помош и така натаму„ додавајќи дека децата се повеке стануваат затворени, а таа затвореност придонесува за зголемен процент на појава на девијантно однесување, различни облици на девијација.

Во масовните медиуми се прикажуваат насилни содржини

На масовните медиуми се прикажуваат содржини кои што изобилуват насилство и агресија, почнувајќи од најраната возраст каде детските цртани филмови што денеска се продуцират се сосема различни од тие пред 20 тина години, вели Иванова.

„Во континуитет имате насилство во детските цртани филмови, не се како порано како на пример цртани од типот „мечето ушко„ каде на крајот имате порака, овде имате во континуитет насилство„

Иванова исто така наведе дека треба да се направи ревизија што се емитува и што не смее да се дава на телевизија.

„Мора да работиме да градиме здрава младина затоа што здрава младина е предуслов за здрава и развиено општество“.

Во градинка децата имаат различни активности

Од друга страна Наташа Стојковска, специјален едукатор и рехабилатор, од градинката „Снежана“ за Градска.мк рече дека градинката позитивно влијае врз развојот на децата и секако помага да се ослободат од зависноста и бескорисните навики поврзани со технологијата.

„Во градинка децата имаат различни активности: спортски, музички, ликовни, математички, природо – научни и сл. Учат различни животни вештини што ги прави да бидат што посамостојни. Сето тоа се работи по план и програма согласно возраста и способностите на децата“.

Таа истакна дека од особено значење се престојот и активностите на отворено (дворот на градинката, прошетки во парк, зоолошка градина и сл.)

Совет до родителите- Да им се радуваат на децата и да уживаат во родителството.

Стојковска во својот добронамерен совет до родителите истакна задолжително да го ограничат времето поминато пред медиумите на половина до максимум еден час дневно (во зависност од возраста на детето).

„Да им читаат на децата сликовници, да играат игри, да поминуваа што повеќе време на отворено во прошетки, игри со топка и сл. Да поминуваат активно што повеќе време со своите деца вклучувајќи ги во секојдневните активности бидејќи децата учат низ игра, а играта е широк поим. За детето може да биде игра и подавање на штипки додека родителите пружаат алишта, а преку ваква игра се вежба моторика, концентрација и внимание, се учат бои и броеви“.

Н. А. 

АКТУЕЛНО