3-ти мај е познат како Меѓународен ден на слободата на печатот, каде се повикува за правата поврзани со новинарите. За овој важен ден, генералниот секретар на Организацијата на обединетите нации, Антонио Гутереш, се појави во видео порака во која повика на прекинување на заплашувањата и нападите на медиумските работници.
„На овој и на секој Светски ден на слободата на медиумите, светот мора да зборува со еден глас. Престанете со заканите и нападите. Престанете да апсите и затворате новинари затоа што си ја вршат работата. Престанете со лагите и дезинформациите. Додека новинарите ја бранат вистината, светот стои со нив. Овој ден ја истакнува основната вистина: целата наша слобода зависи од слободата на печатот“, рече Антонио Гутереш – секретар на ОН.
All our freedom depends on press freedom.
But in every corner of the world, freedom of the press is under attack.
On #WorldPressFreedom Day & every day, the world must stand with journalists as they stand for the truth. pic.twitter.com/TvY1trhF8p
— António Guterres (@antonioguterres) May 3, 2023
Гутереш повторно се фокусираше на проблемите со кои се соочува слободата на медиумите и печатот, кои според него ги застапуваат човековите права. „Слободата на печатот е темел на демократијата и правдата. Ни ги дава сите факти што ни се потребни за да формираме мислења и да ја кажеме вистината на власта. И како што нè потсетува овогодинешната тема, слободата на печатот ја претставува самата крв на човековите права. Но, во секој агол на светот, слободата на печатот е нападната. Зголемената концентрација на медиумската индустрија во рацете на неколкумина, финансискиот колапс на многу независни новински организации и зголемувањето на националните закони и регулативи кои ги задушуваат новинарите, дополнително ја прошируваат цензурата и ја загрозуваат слободата на изразување“, рече тој.
УНЕСКО беше домаќин на 30-годишнината од Светскиот ден на слободата на медиумите во Обединетите нации во Њујорк. Тие одржаа конференција на која разговараа за некои од главните прашања.
Најсмртоносна година за новинарите
Изнесувајќи ги воведните забелешки, Одри Азулеј, генерален директор на агенцијата за култура на ОН УНЕСКО, која се залага за заштита на новинарите, рече дека 2022 година била најсмртоносната година за оваа професија. Минатата година беа убиени 86 новинари, главно надвор од воените зони.
When freedom of expression is in danger, it’s all our rights that are in danger.
At the #WorldPressFreedomDay Conference today, @AAzoulay called world leaders to defend #PressFreedom and protect a professional, free & independent journalism.https://t.co/mb1BJPO6OE pic.twitter.com/Mt0Rhc1Xsa
— UNESCO 🏛️ #Education #Sciences #Culture 🇺🇳 (@UNESCO) May 2, 2023
„Честопати тие беа дома со своето семејство“, рече таа. Стотици други беа нападнати или затворени. Таа рече дека нивото на неказнивост за овие злосторства испраќа застрашувачка порака бидејќи „безбедноста на новинарите не е прашање само на новинарите или меѓународните организации. Тоа е прашање на целото општество“.
Азулај истакна дека овие предизвици се случуваат токму во моментот кога новинарите се потребни повеќе од кога било, бидејќи доаѓањето на дигиталната ера го промени целиот информативен пејзаж. Иако Интернетот отвори нови канали за информации и изразување, тој исто така обезбеди плодна почва за оние кои сакаат да сеат дезинформации и теории на заговор.
Н. А.