Search
Search

Таравари разреши осум економски директори на првиот ден од мандатот

Во својот прв ден како министер за здравство, Арбен Таравари презеде решителни чекори со разрешување на осум економски директори на клиники во Скопје, кои се сметаат за вршители на должностите.

Во моментот разрешени се директорите на скопската Клиника за неврологија, Ендокринологија, Максилофацијална, потоа економските директори на Дерматологија, Ревматологија. Физикална медицина, како и Токсикологија, Стоматолошката клиника и Психијатриската клиника.

Тие се дел од мерките за итно разрешување на директори без законски пречки за заминување, вклучувајќи и разрешувањето на директорката на Токсикологија, Бесија Иљази, која претходно предизвикала контроверзи поради недостаток на комуникација на македонски јазик.

Министерството ветува дека ќе продолжи со разрешување и во други клиники за да се намали значителниот финансиски товар и да се зголеми ефикасноста и транспарентноста во управувањето со здравствените установи.

АКТУЕЛНО