Наскоро започнува летната сезона, но се забележува дека временските услови драстично се менуваат поради глобалното затоплување.
Граѓаните со право прашуваат, колку ќе трае оваа состојба? Сеуште не се исклучени клима уредите, сето тоа како резултат на продолжување на температурите непогодни за овој дел од годината. Предизвиците се зголемуваат, како во однос на екосистемот, така и во однос на здравјето и бизнисот.
Последните години, во многу земји, временските услови стануваат предизвик и растечки проблем. Временските катастрофи, како што се прекувремените топлотни волни, бури и поплави, влијаат на животот и бизнисите на луѓето, исто така можат да предизвикаат и економски штети.
Покрај тоа, се забележува дека глобалното затоплување предизвикува и промени во екосистемите и животните во нив. На пример, реките и езерата можат да испаруваат поради повишената температура и причинат смрт на водниот свет, што може да ја оштети хранителната верига.
Светските извештаи посочуваат зошто секој пoраст на температурата е важен
Опцијата за адаптација што ни е достапна сега ќе стане помалку остварлива и ефикасна колку што светот станува потопол. И така, прозорецот брзо се затвора ако сакаме да го ограничиме затоплувањето на под 1,5°C, како што е утврдено во Парискиот договор.
Од 2011-2020 година, емисиите на стакленички гасови предизвикаа зголемување на температурите за 1,1°C над нивото забележано во 1850-1900 година. И глобалните температури на површината се зголемија побрзо од 1970 година отколку во кој било друг 50-годишен период во последните 2.000 години.
Освен ако не преземеме акција сега за да го ограничиме глобалното затоплување на под 1,5 °C, сегашните и идните генерации ќе живеат во многу потопол и длабоко различен свет од оној што го знаеме моментално, пишува Ворлд економик форум.
Иако научниците се согласуваат дека глобалното затоплување е реален проблем, многу луѓе не се свесни за проблемот и неговите можни последици. Некои се негативно настроени кон промените што се поточни на сите нивни начини на живот, од безбедноста до социјалните и економските аспекти.
Во иднина се очекуваат поплави и невремиња, најавува Поповски
Променливо дождливо време, земете чадори, топло време и слично се постојаните предупредувања на синоптичарите во нивните метеоролошки предупредувања.
Колку ќе трае оваа долга “есен”, Градска.мк разговараше со метеорологот Славчо Поповски, кој истакна дека климатските промени не се дезинформации, дека ги чувствуваме во себе.
Климатските промени, како и глобалното затоплување многу влијае врз нумеричките модели. Често се менуваат моделите, и тоа од час во час, ако денес сме рекле дека во следниот период не очекува невреме и дожд, па и снег, утре може да биде сосема поинаку и работите значително да се променат, истакна Поповски.
„Климатските промени не се дезинформации, и истите се повеќе ги чувствуваме, и тоа со појавата на се поголеми екстремни во светот (големи суши, пеколни горештини, екстремно ниски температури, поплави и големи временски непогоди)“.
Поради топење на мразот на Антарктикот, до ладење на климата во Европа и Балканот
Климатските промени, а особено глобалното затоплување е нормален процес низ кој земјата минува. И во минатото сме имале глобално затоплување, па потоа и глобално заладување на земјината топка, па потоа повторно глобално затоплување и повисоки температури. Интересно е тоа што се сега се наоѓаме во фаза на глобално затоплување, но токму поради глобалното затоплување доаѓа до топење на мразот на Антарктикот, а со тоа и до ладење на климата во Европа и Балканот.
„Токму поради тоа сега имаме постудена пролет и со многу повеќе врнежи. Во иднина очекуваме многу повеќе временски непогоди кај нас на Балканот, што значи дека граѓаните треба да се навикнат на временските непогоди, како и на поплавите. Зимите во иднина ќе имаат се повеќе снег, а ќе зачестуваат и снежните невремиња“, рече Поповски за Градска.мк.
На Регионот му претстојат временски непогоди
Инаку кога сме кај поплавите, во следниот период, односно до 18 мај на регионот му претстојат нови временски непогоди, а постои опасност и од појава на поплави и лизгање на земјиштето. Време слично на есен, од колку на пролет. Кај нас во Македонија во следниот период и понатаму ќе има чести врнежи, а можно е и НЕВРЕМЕ. Температурите поради јужното воздушно струење ќе бидат повисоки и на повеќе места ќе се искачуваат до околу, па и над 20 степени, а од средината на седмицата во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат и до 28, 29 степени.
Н. А.