Search
Search

Трето издание на Охридскиот вински фестивал

Со радост и гордост ви го најавуваме веќе традиционалното трето издание на винскиот фестивал – „OHRID WINE FESTIVAL“

Оваа година фестивалот ќе се оддржи на 27, 28 и 29-ти јуни на улица „Кеј Македонија“ пред хотелот Палас во Охрид, а посетителите ќе имаат можност да дегустираат од најубавите македонски вина, вкусна храна и одлична културно – музичка програма со македонски музички артисти.

На брегот на Охридското езеро посетителите ќе имаат можност да уживаат во музиката на Влатко Лозановски, Ареа, Куку Леле, Миле Кузмановски, Некст Тајм и многу други, а оваа манифестација го најавува и летниот културен бран на нашата најзначајна туристичка и културна дестинација.

На фестивалот ќе учествуваат голем број од најпознатите македонски винарии, како и мали семејни винарии, а целата понуда ќе биде збогатена со гурмански деликатеси.

АКТУЕЛНО