Итната помош синоќа околу 3 часот и 33 минути донела мајка и син кои биле нападнати со секира и нож во Ургентниот центар во Зрењанин.
Мајката (57) се здобила со повреди на главата со секира и итно била пренесена во Клиничкиот центар во Војводина, додека синот (17) се здобил со повеќе убодни рани во пределот на градниот кош и со секира во пределот на главата и лекарите се борат за неговиот живот.
Тие биле нападнати од тринаесетгодишно момче.
Нападот се случил во селото Радоево, општина Нова Црња.