Search
Search

Тротинет манијата го „освои“ Скопје – Ќе ја има ли судбината на Париз?

Со порастот на популарноста на тротинетите како еколошки пријателски алатки за транспорт, се забележува и зголемен интерес и употреба на истите. На жалост, се појавуваат случаи на вандалски активности и уништување на овие возила од страна на некои несовесни граѓани.

Граѓаните можат да најдат над 500 електрични тротинети на 19 различни локации во Скопје, а и туристите ќе можат да го користат истото. Оваа новина  во главниот град доаѓа како соработка помеѓу компанијата „БинБин“ и Град Скопје.

Видео снимки и фотографии ги обиколуваат социјалните мрежи и медиумите, прикажувајќи граѓани кои ги фрлат тротинетите во реки, ги разбиваат и оштетуваат намерно или пак ги оставаат на непристојни места.

 

Нема многу разлика меѓу парижаните и скопјаните

Не одамна парижаните гласаа за ослободување на улиците на француската престолнина од изнајмување на електрични тротинети, со убедливи 90% од гласовите кои ја поддржуваат забраната. Париз беше пионер кога ги воведе е-скутерите или тротинетите во 2018 година, бидејќи градските власти се обидоа да промовираат незагадувачки форми на градски транспорт. Но, како што растеше популарноста на возилата на две тркала, особено кај младите, растеше и бројот на несреќи: во 2022 година, три лица загинаа, а 459 беа повредени во несреќи со електронски скутери во Париз. На она што беше наведено како „јавна консултација“ гласачите беа прашани: „За или против скутери за самопослужување?

Социјалистичката градоначалничка на Париз, Ан Идалго, промовираше возење велосипед и споделување велосипеди, но ја поддржа забраната за е-скутери. Во интервју за агенцијата Франс прес минатата недела, Идалго рече дека „скутерите за самопослужување се извор на тензија и грижа“ за Парижаните и дека забраната ќе ја „намали непријатноста“ на јавните простори.

Париз има речиси 15.000 е-скутери низ улиците, управувани од компании како Lime, Dott и Tier. Клеветниците тврдат дека корисниците на е-скутери не ги почитуваат правилата на патот и редовно ја прекршуваат забраната за возење по тротоари. Возилата, исто така, често се случајно паркирани или фрлени во реката Сена. Во јуни 2021 година, 31-годишна Италијанка беше убиена откако беше погодена од е-скутер со двајца патници додека се движеше покрај Сена. „Скутерите станаа мојот најголем непријател. Се плашам од нив“, изјави за AFP Сузон Ламберт, 50-годишна учителка од Париз. „Париз стана еден вид анархија. Нема повеќе простор за пешаци“.

Тротинети оставени на велосипедска патека Дали треба да реагира Градот

Група поддржувачи на велосипедскиот сообраќај во Скопје под името „НаТочак“ изразија револт и негодување од постапките на граѓаните кои ги оставаат електричните велосипеди на средина на тротоарите и велосипедските патеки.

Од неформалното здруженија упатија критика до надлежните институции, посочувајќи дека „оваа дозвола за прекршување на општите сообраќајни правила кои важат за сите, директно ја намалува безбедноста“.

Услугата се стартува преку мобилна апликација и според упатството за користење, тротинетот може да се земе и остави било каде, велат од ова група.

„Борбата за Скопје функционален Велоград, со слободни и безбедни велосипедски површини треба да е постојана. Со ова ставање на располагање на една приватна компанија, на сите јавни површини, без никаков ред, е во судир со зголемена безбедност во сообраќајот„

„На Точак“ велат дека тротинетот оставен на велосипедска патека говори се. Тротинет оставен на средина на велосипедска патека, каде се одвива велосипедски сообраќај.

„Оваа дозвола од страна на надлежните институции, за прекршување на општите сообраќајни правила кои важат за сите, директно ја намалува безбедноста. Замислете ако некој утре добие идеја тротинетот да го остави на средина на коловозна лента на некој булевар“.

 

 

 

Законски правила при возење на електричен тротинет

Според павилата возачот на електричен тротинет е должен да го управува возилото по велосипедска патека или велосипедска лента, а доколку истите не се изградени, по пешачка патека, односно друга површина наменета за движење на пешаци. Ако двајца или повеќе возачи на електричен тротинет се движат во група, истите се должни да се движат еден позади друг. А истиот , не смее да се движи по велосипедска патека односно лента со брзина поголема од 25 km/h. Глоба во износ од 120 евра во денарска противвредност ќе му се издаде, согласно со одредбите од овој закон, на возачот кој ќе се движи со брзина поголема од 25 km/h. Електричен тротинет може да управува лице кое навршило 14 години возраст.  Возачот на електричен тротинет не смее да превезува други лица за време на управување со возилото.

Возачот на електричен тротинет треба да носи заштитен шлем на главата за време на управувањето на возилото.  Возачот на електричен тротинет, од првиот самрак до потполно разденување, како и во услови на намалена видливост, е должен да носи рефлектирачки елек за време на управувањето на возилото. Глоба во износ од 50 евра во денарска согласно со ќе му се издаде на возачот кој нема да носи рефлектирачки елек. Глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на родителот, односно старателот на дете кое нема да носи рефлектирачки елек.

Од сето наведено произлегува дека треба да се почитуваат правилата, да се има граѓанска свест и култура. Можеби треба да се промовират одредени кампањи кои што ќе помогнат на ова насока.  Користењето на овие превозни средства,  несомнено го олеснува градскиот метеж, особено сега во летната и туристичката сезона. Градските власти треба да бидат повнимателни и да преземат мерки кои придонесуваат во свесноста на скопјани.

Н. А.

АКТУЕЛНО