Search
Search
ФОТО: Министерот за надворешни работи од неговиот ФБ профил

Употребата на албанскиот јазик ги скара ВМРО-ДПМНЕ и МНР – Шасивари: Правници облечени во партиски дресови шират магла

Веќе неколку дена повторно се актуелизираше темата за јазичното спроведување или поточно неупотребата на македонскиот јазик, како што викат од опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица, од страна на Министерот за надворешни работи Бујар Османи.

По посетата на шпанскиот министер за надворешни работи на Скопје, а по прес конференцијата што ја одржа шефот на дипломатијата Османи, македонските опозициски партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица бараат негова оставка.

Шасивари: Правници облечени во партиски дресови  шират магла

Професорот по уставно право на Универзитетот на Југоисточна Европа, Јетон Шасивари за Градска.мк изјави дека  станува збор за обвинувања од правници кои се облечени во партиски дресови од ВМРО-ДПМНЕ, кои по политички хирови го читаат и толкуваат и уставот и законите понекогаш хоризонтално, а понекогаш вертикално и шират магла во јавноста.

Тие си поставија мисија на себеси да ја заштитат ексклузивноста на македонскиот јазик во надворешниот свет, што е невозможна мисија бидејќи не успеаја да ја заштитат оваа ексклузивност кога беше изгласан законот за употреба на јазиците во 2019 година„ рече Шасивари.

Сепак, универзитетскиот професор рече дека навистина е омаловажувачка пораката што ја испраќаат за албанскиот јазик.

„Она што е попонижувачко од овие правни зашеметености, од политичкиот субјект на ВМРО-ДПМНЕ, е понижувачката порака за албанскиот јазик што ја испраќаат овие правници во партиски политички дресови“.

Според ова, истакнува Шасивари, порака, во меѓународните односи само на албански не е можно да се обрати затоа што се прекршува Уставот, додека на англиски е можно затоа што не се прекршува Уставот, но ние сите сме сведоци дека во меѓународните односи и премиерот и претседателот на републиката почесто го користат светскиот јазик како што е англискиот и другите светски јазици отколку македонскиот јазик.

Во меѓународните односи и во надворешната политика, официјални јазици се светските

Шасивари кажува дека според него, членот 7 став 1 од Уставот на Северна Македонија, кој предвидува дека на целата територија на Северна Македонија во нејзините меѓународни односи, службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, е апсурдна и невообичаена уставна одредба бидејќи во меѓународните односи и во надворешната политика, официјални јазици се светските, односно глобалните јазици.

Обвинувачите за уставни и законски прекршувања се преправат дека не ги разбираат овие факти, а тоа се општо познати факти за употребата на јазиците дури и на меѓународно ниво, инаку апсурдно е да се каже дека во меѓународната комуникација официјалниот јазик треба да биде јазик на државата кога се знае дека во меѓународното право светските јазици се официјални јазици“, заклучи Шасивари.

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка, МНР извинување

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на средбата со неговиот шпански хомолог, Хосе Мануел Албарез Буено, се обрати и на албански и на македонски јазик. ВМРО – ДПМНЕ го обвинија Османи дека зборувал само на албански јазик и побараа негова оставка. Министерот веднаш демантираше, објаснувајќи дека тој на секој настан зборува на двата јазика утврдени со Устав. МНР бараа ВМРО-ДПМНЕ јавно да се извини.

Изминаа 24 часа откако беа демантирани грубите лаги од страна на ВМРО – ДПМНЕ, пласирани за време на празници, а партијата сѐ уште не испрати извинување. Како поука за понатаму, за партија која е фатена на дело како лаже, оставаме уште 24 часа да се извини и кон Министерството и пред сѐ кон јавноста која беше вознемирена за време на празници“, велат од МНР.

Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, вели дека Османи е тој што треба да се извини. Но од МНР го испратија и линкот на кој Османи зборува на двата јазика и велат дека ВМРО-ДПМНЕ се обидува да поттикнува тензии и меѓуетнички поделби во општеството.

Н. А. 

 

АКТУЕЛНО