Search
Search

Уште еден директор ѝ замина на Данела Арсовска

Уште еден директор на комунално претпријатие на Град Скопје си поднесе оставка, иако овој остана речиси осум месеци.

Зухејр Реџепи, кој како кадар на ДУИ во ЈП „Паркови и зеленило“ дојде на местото на Ангеле Сотировски од ВМРО ДПМНЕ, кој во септември 2022 година, си поднесе оставка. 

 Како што напиша тој на официјалниот фејсбук профил на претпријатието, оставката ја дава поради здравствени причини.

Ѝ благодарам на градоначалничката Арсовска за укажаната доверба и можност, но здравјето е поважна од секоја функција“, напиша Реџепи.

Тој на оваа функција беше назначен лани во септември откако кадрите на ВМРО си поднесоа оставки по караницата со Арсовска.

Бранот оставки во комуналните претпријатија во Град Скопје почнаа минатата година по отворениот конфликт меѓу ВМРО ДПМНЕ и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која јавно обвини за корупција.

 


Никој ли не и се погоди? Арсовска менува в.д. директори како чорапи

 

 

 

АКТУЕЛНО