Search
Search

Утре ќе биде бесплатен паркингот во Центар

По повод претстојниот државен празник „Св. Кирил и Методиј“ – Денот на сесловенските просветители од ЈП Паркинзи на општина Центар известуваат дека утре (петок) паркиралиштата со кои стопанисува ова јавно претпријатие ќе бидат без наплата за сите граѓани.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи на 25.05.2024 година (сабота) со вообичаено работно време.

ЈП ПОЦ им го честита празникот на сите граѓани.

АКТУЕЛНО