Search
Search

,,Вдоми” затоа што животот е поубав со куче

Денес во нашата кампања и со помош на Лара Иванова и даваме видливост на Присила, на нејзината мила ѕвезда, љубопитност и за жал долгата потрага по дом, велат од „Лајка“.

Присила е куче кое е помалку од една година во прифатилиштето и толку време бара дом.

-Заради нејзиниот прекрасен карактер, мила природа и поради тоа што веројатно била нечиј миленик не е вратена на улица. Таа е совршено куче, би била совршена за активно семејство кое сака уникатен миленик кој е мешанец од далматинец, обожава луѓе, деца и одлично би се вклопила во сечија фамилија. Како и сите наши кучиња така и Присила е стерилизирана, редовно вакцинирана и прочистена од надворешни и внатрешни паразити, додаваатт од „Лајка“.

Споделете, за следниот што ќе застане пред нејзиниот кафез да биде нејзиниот човек, љубов и дом.
Затоа што животот е поубав со куче!

АКТУЕЛНО