Search
Search

Веќе 6 дена во мрак – Тројца арачиновци оставија 160 соселани без струја

Поради нивното нехумано однесување, 160 жители се принудени во 21 век да живеат без струја и без можност да ги уживаат основните права и потреби, вели нашиот извор.

Тројца арачиновци присвоиле клучен извод за струја и оставиле 160 соседи во темница, пренесува Плусинфо.

– Веќе шести ден по ред не може да се поправи дефект на извод на дистрибутивната мрежа на ЕВН, бидејќи тројца мештани царуваат како посакуваат со истиот и не им дозволуваат на екипите на ЕВН да работат. Поради нивното нехумано однесување, 160 жители се принудени во 21 век да живеат без струја и без можност да ги уживаат основните права и потреби – вели изворот на Плусинфо.

Тројцата арачиновци кои се познати во селото по разни злоупотреби, кражби на електрична енергија и слично, не ги интересира ни состојбата на болните, ни за старите лица кои живеат во домаќинствата оставени без струја. Според неофицијални информации, А.Ќ., Р.С. и Д.Н. се лицата кои ја спречуваат санацијата на дефектот.

Од ЕВН за Плусинфо велат дека ги користат сите правни мерки со цел да ја решат ситуацијата и дека се обратиле во МВР, па очекуваат со нивна помош наскоро да го санираат дефектот.

АКТУЕЛНО