Виртуелниот град, наречен Смолвил (Smallville), им овозможи на ботови да се „движат“ помеѓу виртуелни дестинации како што се училиште, кафуле или деловна зграда.
Ако ова ви звучи познато, веројатно спаѓате во категоријата на луѓе кои играле една од симулациските игри од серијата „The Sims“. И не би биле единствените, бидејќи самите истражувачи признале дека токму оваа популарна видео игра им послужила за овој експеримент.
Истражувачите откриле дека нивните агенти навистина можат да „произведат убедливо индивидуално општествено однесување“. На пример, еден од ботовите решил да организира забава за Денот на вљубените и испратил покани со местото и времето на забавата. Посебно интересна била трката за избор на градоначалник, која не била инфериорна во однос на вистински политички натпревар.
И додека научниците кои го дизајнираа експериментот тврдат дека тој покажал како употребата на такви генеративни агенти може да игра „клучна улога во голем број интерактивни апликации – од алатки за дизајн до опкружување“, некои корисници на Reddit откако ја прочитале студијата дошле до заклучок дека – сите ние живееме во Матрикс (Матрица), пишува порталот Зимо на Дневник.хр.
Сега би можело да се разговара дали во иднина ќе се забавуваме гледајќи вештачка интелигенција како „живее“ во виртуелни градови и на тој начин ќе ја задоволиме нашата воаеристичка страна или со текот на времето вештачката интелигенција ќе создаде виртуелни градови во кои ќе не гледа како го живееме нашиот живот. Во секој случај, студијата покажа дека само ја изгребавме површината што се однесува до можностите на генеративната вештачка интелигенција.