Search
Search

ВИДЕО: И сирените на Брзата помош не може да ја победат сообраќајната некултура на возачите

Низ улиците на главниот град често се забележуваат амбулантни возила на брза помош кои се заглавени во колони поради сообраќајната некултура на возачите. Градска редакција на терен да го докаже оваа, снимаше симулациска рута со амбулантно возило од поликлиниката Букурешт до комплексот на клиники „Мајка Тереза„

Возачот на амбулантното возило Самет Сали за градска.мк вели дека има возачи ко се совесни и реагираат на сирената на амбулантното возило, има од нив кои не реагираат занесени на телефон или гласна музика во нивните коли, но има и од нив кои не знаат како да реагираат. Според Сали амбулантното возило секогаш патот за пробивање го  наоѓа среде две коловозни ленти. Тој вели дека и возачите на амбулантните возила се дел од екипата на брза помош, помагаат кај пациенти и за тоа следеле и обуки. Сали е среќен што за време на ковидот се среди посебната лента за Брза помош во клинички центар. Тој се жали дека платите им се ниски земајќи го предвид ризикот, одговорноста и обемот на работа.

 

 

„Апелирам до сите граѓани и возачи да го направат максимално да ни дават предност за побрзо да стигнеме до дадената интервенција бидејќи нашата служба сегде интервенира, возачот кој во моментот не ни дава првенство можеби не е свесен каде можеме да одиме на интервенција:.Исто апелираме и до граѓаните и пешаците да бидат многу внимателни кога слушаат сирени, да не го користат во тој момент пешачкиот премин  да ни дадат и оние право на првенство„ -вели во инервју за градска.мк возачот на амбулантното возило Самет Сали.

Со 11 возила на терен и едно за придружба на делегации, со недостаток на персонал и во очекување на нови вработувања вака е состојбата на итната помош во Град Скопје која  во време од 24 часа, во бројот 194 прима од  200 до 300 повици од граѓаните, од нив околу 100 повици завршуваат со интервенции на терен а другите поминуваат со совети вели за градска.мк Д-р Милица Бубало Раководител на службата за итна медицинска помош за домашно лекување и итна стоматолошка помош Милица Бубало, таа вели дека состојбата со итната медицинска помош не е на очекуваното ниво, на ниво на стандардите на европските земји.

„Земајќи го предвид бројот на жители  во градот  Скопје кој според пописот од 2022 година изнесува 526 502 жители, за да се работи 24 часа треба да имаме во достап нај малку 20 амбуланти возила. Уште не функционираме со бројот 112 за итни случаеви за да се реализира тоа се потребни и нови вработувања. Ние уште функционираме со 194 и скоро сите повици ги добиваме од овој број„ – вели Д-р Милица Бубало Раководител на службата за итна медицинска помош за домашно лекување и итна стоматолошка помош Милица Бубало.

Службата за итна медицинска помош во Скопје има 66 лекари кои се вклучени во интервенции на терен и во диспечерскиот центар. Во ноќните дежурни служби има 21 лекар и во единицата за домашно лекување има 10 лекари. Во дневната смена од 7 до 19 часот има само 7 до 8 медицински екипи а во ноќната смена од 19 часот до 7 наутро 6 до 7 екипи.

Н.Ш

АКТУЕЛНО