Откорнати осветлувачки столбови, и на тие столбови што останале им снемало капаци вака е состојбата неколку месеци на назад со осветлувањето на Плоштадот Пресвета Богородица кој се наоѓа покрај кејот на реката Вардар општина Центар, спроти Министерството за надворешни работи.
Речиси сите електрични жици на останатите осветлувачки столбови се на отворено и претставуваат ризик за граѓаните.
Во почетната состојба на плоштадот во пешачката зона имаше поставено железни решетки за атмосферските води но по неколку години ги снемало, по се изгледа се украдени и продавани за старо железо, потоа се монтираа бетонски решетки.
Целиот плочник пред црквата, просторот меѓу спомениците и фонтаните, како и делот пред новата барокна зграда каде се сместени владини институции и факултетот за филмска уметност, почна да се гради во 2013 година во рамките на проектот „Скопје 2014“
Градска редакција беше во Плоштадот Пресвета Богородица 1 и го снимаше состојбата на овие столбови.