Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2023 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 942 илјади, во градско-приградскиот превоз 10 224 илјади, во железничкиот превоз 49 илјади, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 789 856.
Во четвртото тримесечје од 2023 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2022 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 28.4 %, во железничкиот превоз е намаленo за 57.8 %, додека во воздухопловниот превоз е зголемено за 24.3 %.