Search
Search

Во германските маркети, граѓаните на семафор ќе гледаат дали производот е достапен

Германските трговци најавуваат воведување на таканаречен семафорски систем во дисконтните продавници кој ќе покажува уште колку парчиња производи се на промоција за да се спречат турканици и да им заштедат време на потрошувачите потребно за долго пребарување за одреден предмет од еден до друг малопродажен центар.

Црвената боја на екранот значи „распродадена“, додека жолтата и зелената значи „речиси распродадена“ и „достапна“.

Според германските медиуми, системот на семафори во иднина нема да биде достапен само во корисничката апликација, туку и на уредите на вработените. На овој начин, клиентите можат да заштедат време потребно за пребарување, а можеби дури и за одење до продавница.

Системот прво ќе биде достапен за вработените, а потоа ќе се воведува и во самата продавница. Покрај достапноста на артиклот, во системот ќе се вклучат и деталите како бојата или големината на производот.

„Лидл“ во Германија веќе ги прикажува залихите на своите непрехранбени промотивни артикли во реално време во корисничката апликација и на почетната страница.

Германските медиуми пишуваат дека овој систем ќе се прошири и на други области, а можеби и на други пазари.

 

АКТУЕЛНО