Search
Search

Во Кавадарци гимназијалците на креативен начин се борат против сајбер насилствотo

Во Кавадарци гимназијалците на креативен начин се борат против сајбер насилството, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

– Поради се поголемата дигитализација и употреба на социјалните мрежи, учениците се повеќе стануваат потенцијални жртви на сајбер насилство. Токму поради оваа причина ученици од ова училиште преку изработување на краток филм „Насилството има ново лице-сајбер насилство“и брошури на истата тема, на креативен начин се потрудија да ја зголемат свеста кај учениците за овој вид на насилство и да ги потенцираат начините на превенција и похуманиот однос меѓу соучениците, соопштија од кабинетот на Јанчев.

Оттаму појаснија дека учениците работеа под менторство на професорките Наташа Матакова, Марија Добринова и Стефанија Костадинова, а оваа иницијатива е дел од проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ на Коалиција на младински организации СЕГА, Смарт Ап-лабараторија за социјални иновации, Македонски центар за граѓанско образование и Прва детска амбасада „Меѓаши“, поддржан од детската фондација Песталици.

Димитар Каракулев, со долгогодишно искуство на полето на превенција, како поранешен инспектор за превентивни активности и поранешен претседател на општинскиот Совет за превенција од малолетничко престапништво, рече за МИА дека превентивните проекти се многу значајни за превенција од секаков вид на насилство и различни други евентуални девијантни однесувања кај младите.

 

АКТУЕЛНО