Во Македонија пристигна АДА, првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција, преку кој компаниите ќе можат да добиваат целосни информации за потенцијално инвестирање во земјава.
Разбирање на јазикот, говорење на повеќе странски јазици и високата прецизност се едни од главните карактеристики на овој дигитален асистент.
„Дигиталниот асистент е исто како да имате директен пристап до најдобриот шалтерски работни, кој е достапен 24 часа, го имате во контакт на вашата „чет“ апликација и може да ве услужи со се што ве интересира за дадената институција во рамки на неговото знаење“,Нино Карас, еден од креаторите на АДА.
Освен заштедата на ресурси, најважна за вицепремиерот за економски прашања, Битиќи, е трансперентноста која овој дигитален асистент може да ја понуди. Токму Битќи беше првиот кој ја провери функционалноста на АДА.
„Нема итање на институции затоа што се знае точно кој ќе го контактира инвеститорот по добиената информација. Сметам дека АДА ќе биде лесно достапна за сите, во секое време. АДА.ГОВ.МК е сајтот на кој може директно да се отиде, да се скенира кодот и да се почне со комуникација, изјави, Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.
Дигиталниот асистент АДА е прилагоден да говори три јазици – македонски, албански и англиски. Достапен е на најпопуларните апликации за допишување, но и на официјалните веб страници на институциите.
Инспирација за дизајнирање на оваа алатка е Ада Ловлајс, која се смета за првата програмерка во светот.