Search
Search

Во минатото било село, а денес важи за елитна скопска населба

Оваа скопска населба е дел од Општина Центар и се наоѓа на падините на планината Водно.

Настаната е во времето на урбанизацијата на Скопје со спојување на двете села Горно и Долно Водно.

Денес таа е високоурбанизирана и елитна населба, која е густо населена со многубројните згради во погорниот дел на наслебата. Таа се граничи со населбите Црниче и Пржино од Општина Кисела Вода. Во населбата Водно живеат повеќе од 500 домаќинства.

На крајто на XIX век Водно било македонско село во Скопската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Горно Водно имало 120, а Долно Водно 140 Македонци христијани.

На почетокот на XX век целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Горно Водно живееле 160 Македонци, а во Долно Водно 160 Македонци и 6 Роми.

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена Горно и Долно Водно (Vodno) се покажани како македонски хирстијански села. На етничката карта на Северозападна Македонија во 1929 г. Афанасиј Селишчев ги завел Горно и Долно Водно како македонски села.

АКТУЕЛНО