Search
Search
ФОТО: Wikimedia commons

Во САД донесен нацрт-закон за забрана на ТикТок

Законодавците во американската сојузна држава Монтана во петокот гласаа за забрана на популарната социјална мрежа ТикТок.

Монтана е првата американска држава која донесе закон за забрана на познатата кинеска апликација поради безбедносни причини, јавува агенцијата „Анадолу“.

Доколку законот биде потпишан од гувернерот Грег Џанфорте, забраната ќе стапи на сила во јануари.

Со овој предлог-закон, на продавниците за апликации им се забранува да нудат можност за преземање на апликацијата за социјална мрежа.

САД и другите земји веќе го ограничија ТикТок од владините уреди поради стравувањата дека Кина може да добие пристап до податоците на корисниците.

Н. А.

АКТУЕЛНО