Селото Ингрија кај Торино чека локални избори за да се избере нова власт, но се случи неверојатна ситуација кога речиси две третини од селото на некој начин се кандидираа за функцијата.
Ингрија има 46 жители, а уште 26 ќе гласаат од дијаспората. Се очекуваше лесна победа за градоначалникот Игор Де Сантис, како и во претходните четири изборни циклуси, но Ренато Полето промени сѐ.
Претставникот на опозицијата во советот на ова село одлучи да влезе во трката за градоначалник, а за работите да бидат покомплексни, ја обезбеди поддршката од мајката на Де Сантис.
На изборната листа кандидат за советот е Полета, мајката на Игор Де Сантис. Таа влезе на советничката листа на опозицијата бидејќи се кандидираа повеќе жени.
Де Сантис, неговата мајка и Полето се дел од речиси двотретинското мнозинство од населението на ова село, кое е на изборните листи, како за градоначалник, така и за советници.
Исто така, вреди да се напомене дека дедото на Де Сантис бил градоначалник дури 30 години.