Search
Search

Во скопската Зоолошка градина почина и жирафата Каспер

Пцовиса жирафата Каспер во скопската Зоолошка градина. Информацијата ја потврди и директорот Зоран Попов, кој ги чека резултатите од обдукцијата. Каспер повеќе месеци не била во добра состојба, според ЗОО Скопје.„Во тек е обдукција“. Ова е втора жирафа што пцовисува. Животниот век им изнесува 25 години. Според тогашното раководство во Зоолошката, причината беше срцева мана. Пред две години во јануари 2021 година  почина и журафата Тобого.Зоолошката сега останува со една жирафа.Сооепштението на ЗОО Скопје:

Со голема тага, неверување и скршени срца, ве известуваме дека нашиот Каспер утрово ненадејно не напушти 💔
Жирафата Каспер имаше 12 години, а во Скопје ЗОО беше жител од 2012 година.
Скршени се срцата на сите вработени, бидејќи Каспер беше наш омилен 😢
Јавно ќе биде соопштено што е причината за смртта, откако ќе ги добиеме официјалните резултати од обдукцијата која беше извршена утрово од страна на Ветеринарниот факултет
Никогаш заборавен и непреболен, наш Каспер, трчај на небесната савана 🖤

 

АКТУЕЛНО