Search
Search

Во Србија Сојузот на Југословени бараат признавање како национално малцинство

Организациите собрани околу Сојузот на Југословените денеска најавија дека ќе поднесат барање до надлежните органи во Србија за формирање „посебен избирачки список на југословенското национално малцинство“.

Во соопштението потпишано од девет политички организации, се оценува дека прашањето за признавање на статусот – Југословени – како национално малцинство „не може да биде прашање на политичка волја“.

Тие оценија дека Србија со непризнавањето на југословенското национално малцинство „грубо ги крши малцинските права на декларираните Југословени, од кои според последниот попис на населението од 2022 година имало 27.143“, што, додаваат, ги прави седма по големина малцинска заедница во Србија.

-Нашите организации со задоволство констатираат дека 1.484 Египќани и 1.307 Ашкалии се признати од државата Србија како национални малцинства, но не можеме да го премолчиме фактот дека дискриминацијата врз Југословените што ја применуваат државните власти врз националниот идентитет на над 27.000 граѓани на Србија е скандалозна, незаконска и достојна за секаква осуда, пишува во соопштението, пренесе Бета.

 

АКТУЕЛНО