Охрид гостите за Велигденскиот празничен викенд ќе ги дочека со повисоки цени.
Хотелиерите велат дека услугите и аранжманите оваа сезона ќе бидат зголемени за над 30 проценти.
Замрзнувањето на цените на прехрамбените производи според нив нема да ги намали цените бидејќи трошоците како резултат на енергетската криза се зголемени.
И покрај поскапувањата и кризата во Охрид се очекува огромен број на туристи.
Туристичките работници се подготвуваат за празниците кои следат и се надеваат оваа сезона да биде подобра од изминатата, а покрај домашните Охридското Езеро ќе има и гости од подалечните земји.