Search
Search

За два месеци ќе почне изградбата на улицата „Цветан Димов“

Советот на општина Чаир денсека едногласно со 27 гласа за го изгласа соработка меѓу Град Скопје и општина Чаир каде е предвидено изградбата на улицата „Цветан Димов“

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу пред советниците информираше дека за два месеци ќе биде објавено проектот за изградбата и ќе почнат работите во булеварот „Цветан Димов“ . Според него за овој проект до крајот на годината предвидени се 10 милиони денари , за 2024 година предвидени се 70 милиони денари и за 2025 година се предвидени 65 милиони денари и со ова динамика е предвидено да се заврши изградбата на булеварот.

 „За ова време од кога е поставен бетонската ограда не е направен ниеден инцидент а претходно неделно имаше по три инциденти кои по некогаш резултирале со фаталите. Поставувањето на бетонската ограда беше времено и тоа се постави како резултат на сигурноста на децата, бидејќи таму има градинка и школо. Се согласувам дека за окото тоа не е убаво но во моментот немавме друго решение„ рече пред советниците на општина Чаир Висар Ганиу.

На последната седница советот на градот Скопје го изгласа меѓу општинска соработка помеѓу градот и Општина Чаир за реставрација, санација и проширување на улицата „Цветан Димов„ во општина Чаир. За овој проект од градот Скопје се обезбедени 140 милиони денари.

Н.Ш

АКТУЕЛНО