Умерено до значително облачно, наутро понекаде во западните делови со појава на дожд, а попладне и во вечерните часови со локален пороен дожд и ретка појава на грмежи во најголемиот дел од земјата. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.
Во Скопје променливо облачно, попладне со повремен дожд кој ќе продолжи и во ноќните часови. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 19 степени.