Владата усови сет од десет препораки кои ќе бидат доставени до училиштата и со кои треба да се подигне безбедноста на учениците но и да се работи на превенирање на меѓуврсничкото насилство. Стручни тимови заедно со центрите за социјална работа, општински совети кои ќе работата заедно со средношколците, работни услови за стручните тимови во училиштата, забрана за користење на мобилни телефони на часови се само дел од пакетот препораки кои стапуваат на сила веднаш.
„ Перпораките се донесени по широк процес на консултации со академската фела и јавност и добиените сугестии и мислења“, кажа Јетон Шаќири, министер за образование.
Општините во соработка со меѓуопштинските центри за социјални работи треба да формираат стручни тимови на ниво на општините во чиј фокус на работа ќе бидат разговори, поединечно со секое дете ученик во секое училиште. Државниот совет за превенција на детско претстапништво треба да достави информации за работа и колку општински совети за превенција се опфатени.
Сите основни и средни училишта мора да одржат состаноци со сите родители, старатели околу безбедноста во училиштата но и кодексот на облекување.
„На овие состаноци родителите да се потсетат на законските обврски кои произлегуваат од Законот за семејство и Кривичниот закон во делот на одговорноста при извршување на родителското право. Училиштата е потребно да ги известат МОН за присутноста од страна на родителите на овие состаноци, на овие состаноци секој пеодинец треба да се запознае со веќе усвоените десет препораки“, рече Шаќири.
Секое училиште ќе треба да направи и протокол за начинот на користење на мобилните телефони на учениците и наставниците за време на часовите во просториите на училиштата.
„Укинување на потреба на мобилните за време на часовите ќе поттикне повеќе дискусија, и размена на идеи“, потенцираше министерот Шаќири.
Клучни препораки се околу стручните тимови во училиштата па Владата им наложува на директорите на училиштата да обезбедат континуирано непречени услови за стручните служби да функцонираат во училишната клима а секое училиште ќе мора да обезбеди просторни услови за соработници со цел да бидат отворени за учениците и доколку имаат потреба да закажат тет-а-тет средба со својот училишен психолог.
Сепак мора да се потенцира дека бројот на стручни лица во училиштата, психолози, педагози, социолози и дефектолози е многу мал и далеку под потребниот а стручната јавноста реагираше дека тие се преплавени со административни работи и дека им преостанува само да ги бројат неоправданите изостаноци на учениците наместо да делуваат проактивно.
По трагедијата во Беглрад, министерството за образование отвори електронска адреса за анонимно пријавување на врсничко насилство и во првата недела таму пристигнаа над 20 претставки.