Search
Search
Фото/ Бибе Јордановска

Закани за бомби кај Претседателот, Управен суд, музеи, трговски центри и други објекти во Скопје

На електронските адреси на повеќе институции и објекти, меѓу кои и во вилата на Претседателот на државата и во Уставниот суд, утрово се пристигнати закани за поставена експлозивни направи. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, во тек се антитерористички проверки.

-Денеска (21.02.2023) е пријавено дека преку електронските адреси е упатена закана за поставена експлозивна направа до Музеј на град Скопје, Природонаучен музеј, Археолошки музеј, Музеј на ММБ, Спомен куќа на Мајка Тереза, ГТЦ, Ист гејт мол, ТЦ Бисер, Флатирон, Џевахир, Управен суд, Куќа на Претседателот-Вила Водно, х. Мериот, х. Александар Палас, СЦ Борис Трајковски, Железничка станица Скопје и ФФМ. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, наведуваат од МВР.

Вчера, како што информира МВР, дојави за поставени експлозовни направи пристигнаа на електронските адреси на 10 училишта и аеродромот во Скопје, како и кај четири во Прилеп, за кои по спроведените проверки од тимови за антитерористички проверки е утврдено дека станува збор за лажни пријави. 

АКТУЕЛНО