Search
Search
Фото/ Wikimedia commons

Закани за бомби во неколку училишта во Сараево

Утрово неколку училишта во Сараево добија закана за поставена бомба, поради што сите ученици биле евакуирани, пренесуваат босанските медиуми.

Неколку училишта во Сараево преку мејловите биле известени дека е поставена бомба, а полицијата врши увид.

Со оглед на тоа што сите ученици биле евакуирани, управата на училиштата ги повикала родителите да си ги земат децата.

Пријавите за присуство на бомби во регионот се чести, а по полициската проверка, за нив речиси секогаш се утврдува дека се лажни.

АКТУЕЛНО