Search
Search
фото/градска.мк

Замрзнати, но поскапи: Пиперките денеска се продаваат за 170, а доматите за 150 денари

Од денес па до крајот на месецов доматите и краставиците треба да се продаваат по цена од 95 денари за килограм, кромидот за 70, пиперките за 100 денари. Владата ги зголеми досега замрзнатите цени на овие видови зеленчук. Причината за тоа е растот на увозните цени во услови кога се уште нема продукти од домашното производство. Дел од продавачите велат дека пред Велигден не задоволни од продажбата.

Со новата одлука на владата од денес килограм банани ќе чини до 75 денари, килограм портокали до 60, килограм мандарини до 65 и килограм лимони до 60 денари.

Сепак реалноста е поинкава и покрај предупредувањата цените се повисоки од замрзнатите.

Доматите на Битпазар се продаваат по 150 денари, пиперките пак  по 170, краставиците за 100 денари, а лимонот е 60 денари. Зелката е 70 денари за килограм, а јајцата во зависност од големината чинат од 200 денари до 270 денари.

Претходно со одлука на Владата беа замрзнати и цените на тестенините и млечните производи кои се намалени за 15, односно за 10 проценти, како и на јајцата и оризот, чии цени останаа на нивото од 15-ти овој месец, замрзнати се и цените на хигиенските производи, додека на 33 денари е замрзната цената на белиот и на полубелиот леб од 450 грама.

С.Т.

АКТУЕЛНО