Search
Search

Зошто позелене водата во каналот во Венеција?

Полицијата во Венеција ги истражува причините за зелената течност што се појави во градскиот Голем канал, а неофицијално се зборува дека инцидентот бил предизвикан од демонстранти за климатските промени.

Бојата први ја забележале локалните жители, објави на Твитер претседателот на регионот Венето, Лука Заја.

– Свикан е итен состанок со полицијата за да се испита потеклото на течноста – рече тој.

Италијанската противпожарна служба соопшти дека и помага на регионалната агенција за животна средина да земе примероци за тестирање.

Овој инцидент потсетува на неодамнешните настани во Италија кога групи за заштита на околината ги полеваа со бои спомениците. Во последниот таков инцидент, активистите со растителен јаглен ја потемнија водата во прочуената римска фонтана Треви како протест против користењето фосилни горива.

За разлика од претходните случаи, ниту една активистичка група не ја презема одговорноста за инцидентот во Венеција.

 

Ова не е прв пат Големиот канал да се зазеленува. Во 1968 година, аргентинскиот уметник Николас Гарсија Урибуру „ја обои“ водата зелена за време на 34-тото биенале во Венеција со цел „промовирање на еколошката свест“.

 

 

 

 

 

 

 

АКТУЕЛНО